Лидерите на Луганск и Херсон од Путин бараат приклучување кон Русија

Од:

Проруските власти од украинските области Луганск и Херсон денеска објавија дека ќе поднесат официјално барање до рускиот претседател Владимир Путин за приклучување кон Русија, ден по референдумите наголемо осудени од Западот.

– Драг Владимир Владимирович … барам од вас да го разгледате приклучувањето на Народната Република Луганск кон Русија, како дел од Руската Федерација, изјави прорускиот лидер Леонид Пасечник.

Како што тој додаде, „свесни сме за историските, културни и духовни врски со мултинационалниот народ на Русија“. Според него, придружувањето на Русија е сон на тамошните жители.

Пасечник, како и лидерот на Доњецк, Денис Пушилин, најави заминување во Москва за да се официјализира приклучувањето кон Русија.

Слично писмо до Путин испрати и Владимир Салдо, лидер на окупациските власти во Херсон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива