Пет земји-членки на НАТО учествуваат во воената вежба во Унгарија

Од:

Повеќе од 1.200 војници од пет земји-членки на НАТО со употреба на тенкови, хаубици и борбени хеликоптери почнаа воени вежби во близина на Будимпешта, што ќе траат до крајот на септември.

Во воената вежба Храбар воин 2022 учествуваат војници од Унгарија, САД, Италија, Словачка и од Хрватска, кои користат хеликоптери Апачи, тенкови Леопард 2, самоодни хаубици ПзХ-2000 и стотици на други возила.

– Ова е првпат во реална ситуација во Унгарија да се тестира нова борбена група на НАТО, наменета за дополнително зајакнување на источното крило на Алијансата. Тоа е една од четирите нови борбени групи на НАТО… За време на оваа вежба, припадниците на армиите на тие земји меѓусебно се запознаваат со оружјето, опремата и процедурите и вршат заеднички тактички активности со боево гаѓање битки, соопшти НАТО.

Маневрите се одржуваат на околу сто километри југозападно од Будимпешта на националниот воен полигон кај Варпалота, а јавноста во неколку градови е предупредена да очекува зголемена бучава поради прелетувањето на воените авиони.

Воените вежби се одржуваат на околу сто километри југозападно од Будимпешта на националниот воен полигон кај Варпалота, а јавноста во неколку градови е предупредена да очекува зголемена бучава поради прелетувањето на воените авиони.

Унгарија учествува со повеќе единици, меѓу кои 25. пешадиска бригада, петта пешадиска бригада и 24. извидувачки баталјон. Италија е присутна со околу 260 лица од Тауринската алпска бригада, додека Армијата на САД учествува со дел од 502. пешадиски полк и хеликоптери пренесени од Романија.

Американскиот авион пристигна на меѓународниот аеродром во Будимпешта на 25 септември и ќе остане во Унгарија до крајот на месецот.

Словачка е традиционален учесник на вежбите Храбар воин, а годинава учествува со 22. механизиран баталјон опремен со пешадиски борбени возила.

Хрватска учествува со 60 лица од специјалните сили, воената полиција, тимот за контрадиверзантско и деминирање, штабни офицери и офицери за цивилно-воена соработка.

НАТО има осум борбени групи на своето источно крило.Четири се наоѓаат во трите балтички републики и во Полска, а по руската инвазија врз Украина беа активирани и во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски