Читаку: Курти сака да го направи Косово неподносливо за живеење

Од:

Потпретседателката на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Вљора Читаку вели дека премиерот Албин Курти, со неисполнувањето на барањата на синдикатите на образованието кои штрајкуваат веќе пет недели, настојува да го направи Косово „неподносливо место за живеење“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Читаку на нејзината страница на Фејсбук утрово напиша дека Курти има намера „да го подели до срж косовското општество“.

– 28 септември 2022. Децата сè уште се дома. Училиштата затворени, А премиерот со тврдоглавост и рамнодушност продолжува да ги презира нашите учители и учителки. Настојува да го подели до срж косовското општество, вели Читаку.

Всушност, предупредува поранешната амбасадорка на Косово во САД, намерата на Курти е да создаде едно „ново општество“.

– Тоа е Третата Република кон која стреми Курти: Со нови синдикати кои ќе му се потчинат. Со нови медиуми, кои ќе му се потчинат. Со нови бизниси кои ќе му се потчинат. Премиерот сака да го направи Косово неподносливо место за живеење за сите оние кои не се согласуваат со него, напиша Читаку, порачувајќи дека „таквиот менталитет не поминува“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина