Тајфунот Нору утрово пристигна до брегот на Виетнам, соопшти Националниот метеоролошки институт.
Брзината на ветрот е од 103 до 117 километри на час, а централниот дел од бурата беше помеѓу Дананг и Кванг.
Во третиот по големина град во Виетнам, Дананг зградите се оштетени од силните ветрови.
Повеќе од 200.000 луѓе се во засолништа бидејќи метеоролозите предупредија дека Нору ќе биде еден од најсилните тајфуни што ќе го погодат Виетнам.
Половина од аеродромите во Виетнам се затворени, како и училиштата и продавниците во неколку централни провинции, вклучително и Дананг.
Нору претходно ги погоди Филипините, каде загинаа шест лица.
Извор: МИА