Оланд: Се води да се мисли дека одговорноста за хемискиот напад е на сирискиот режим

Од:

Претседателот на Франција Франсоа Оланд води интензивни консултации во однос на ситуацијата во Сирија, јавува дописникот на МИА од Париз.


Според соопштенијата за печатот кои ги добивме од Елисејската палата, изутринава францускиот претседател најпрво телефонски разговарал со премиерот на Австралија Кевин Руд, чија земја наскоро ќе претседава со Советот за безбедност на ООН и со британскиот премиер Дејвид Камерон.


Во разговорот со австралискиот премиер Оланд оценил дека постојат повеќе показатели дека нападот од 21 август бил хемиски и „дека се води да се смета дека одговорноста за овај акт кој не може да се квалификува е на сирискиот режим“, стои во соопштението.


Оланд побарал инспекторите на ООН да имаат без одлагање и рестрикции пристап на местата на настанот.


Францускиот претседател во разговорот со британскиот премиер Дејвид Камерон заедно „безрезервно“ го осудиле користењето на хемиско оружје во Сирија. Франсоа Оланд, притоа го повикал сирискиот режим веднаш и целсоно да соработува со мисијата на ООН, за инспекторите да можат да имаат слободен пристап на погодените места од хемискиот напад.


Франсоа Оланд и Дејвид Камерон исто така се договорија да се консултираат во најкраток рок „за да дадат одговори на овај неподнослив чин“.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток