Германија сепак нема да ги затвори преостанатите нуклеарни централи

Од:

Германскиот министер за економија и енергија Роберт Хабек денеска изјави дека во земјата ќе продолжи да работат две од нејзините три преостанати нуклеарни централи до април следната година за да се спречи потенцијалниот недостиг на електрична енергија во наредните месеци.

Хабек привремено го откажува долгогодишниот план на Германија за затворање на преостанатите нуклеарни централи до крајот на годината.

Министерот рече дека двата реактори, Исар 2 во Баварија и Некарвестхајм северно од Штутгарт, ќе работат до средината на април.

Претходно овој месец, локални функционери изјавија дека Германија ќе се придржува до својот план за затворање на преостанатите нуклеарни централи оваа година, но ќе ја задржи опцијата за рестартирање на две од нив во случај на недостиг на електрична енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија