Последен ден од референдумите на окупираните украински територии

Од:

Денеска е последниот ден од гласањето на референдумот за приклучување кон Русија за жителите на самопрогласените републики Донецк и Луганск, како и на регионите Керсон и Запорожје.

„27 септември е последен ден на гласање и единствен кога ќе се гласа на стационарни избирачки места. Изборната комисија во последните четири дена ги собираше гласовите на терен. Во понеделникот вечерта излезеноста на жителите на референдумот беше 86,89 отсто во Доњецк, 83,61 отсто во Луганск, 63,58 отсто во Керсон и 66,43 отсто во Запорожје“, пишува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

ТАСС пишува дека градоначалникот на Донецк Алексеј Кулемзин вчера изјавил дека украинските сили тероризирале цивили во Донецк. Тој изјави дека во градот во првите три дена од референдумот биле забележани 115 украински напади.

„Во последните три дена имаше 115 напади врз градот Донецк. Овие терористички дејствија извршени од украински милитанти врз граѓаните станаа секојдневие. Пет од деветте квартови на градот во моментов се под оган од украинската армија“ изјави Кулемзин.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски