Новинарите Владимир Соловјов и Маргарита Симонјан, кои до неодамна важеа за едни од најгласните поддржувачи на политиката на Владимир Путин, сега го критикуваат спроведувањето на делумната мобилизација нарачана од него.
Во емисија емитувана синоќа тие отидоа толку далеку што Соловјов дури повика да бидат стрелани преревносните офицери за регрутирање.
Last night Kremlin mouthpieces Vladimir Solovyov and Margarita Simonyan tried to find scapegoats for Russia’s chaotic mobilisation, with Solovyov even calling for overzealous recruitment officers to be shot
I don’t think this morning’s attack in Siberia was what he had in mind pic.twitter.com/bXw4X7eMzr
— Francis Scarr (@francis_scarr) September 26, 2022
Симонјан рече дека се регрутираат погрешни луѓе, неколку дена по извештаите дека 63-годишен Русин со дијабетес и тешка повреда на мозокот бил повикан да се бори во Украина.
Таа рече дека знае за поранешни војници што ги познава лично, а кои не се регрутирани додека се повикуваат „студенти“, и мајка на две деца, според преводот на Њусвик.
– Значи, треба да направиме нешто во врска со тоа и да не им наштетиме на луѓето – рече таа.
– Но, дали можеме да ги застреламе – праша Соловјов.
Таа одговори: – Јас сум против егзекуција.
На што тој одговорил: – Јас сум за тоа. Би земал неколку од тие [офицерите кои регрутираат] и би ги испратил на првата линија. Дајте им ги тие мали лопати да почнат да копаат ровови.
Инаку, неколку часа по емитувањето на емисијата, се случи напад на службеник за регрутирање.
„Денеска се случи несреќа во нашиот регион. Во Уст-Илимск, млад човек отвори оган во воена канцеларија. Воениот комесар Александар Владимирович Елисеев е на интензивна нега во исклучително тешка состојба. Лекарите се борат за неговиот живот“, најави на „Телеграм“ гувернерот на Иркутската област Игор Кобзев.
Инаку, во саботата руските власти уапсија повеќе од 2.000 луѓе ширум Русија кои демонстрираа против одлуката на Путин за делумна мобилизација. Одлуката на Путин доведе до тоа руските државни медиуми отворено да ја критикуваат.