ВИДЕО: Украинците објавија снимка од соборување на руски хеликоптер Ка-52 со стингер

Од:

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашенко објави видео за кое вели дека го прикажува соборувањето на рускиот хеликоптер Ка-52 некаде во регионот Харков.

„Уникатна снимка од дрон. Нашите херои од 92-та бригада прекрасно соборија руски хеликоптер КА-52 (вреден 14 милиони долари) со стингер во регионот на Харков“, напиша тој.

„Слава на нашите бранители“, додаде тој на крајот.

Снимката не е независно потврдена. Герашенко не го ни прецизира времето кога е направено видеото од наводното соборување на хеликоптерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина