Ковачки: Како дезертерот Ковачевски стекнал и се’ уште има безбедносен сертификат за пристап до државни тајни

Од:

Сомнително и нејасно е, и како дезертерот Ковачевски се стекнал и се’ уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни, имајќи во предвид дека истиот приложил документ дека е трајно неспособен со цел да избегне служење на воен рок. Без разлика дали дезертерот Ковачевски е навистина трајно неспособен или пак лажно се претставувал дека е трајно неспособен, тој не требало да добие и да го задржи безбедносниот сертификат, односно не е во можност да ја извршува функцијата премиер рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Според член 4 точки 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации пречка за стекнување на безбедносен сертификат е демонстрирање на нечесност, нелојалност, недоверливост, како и доколку истото лице страдало од болест која може да биде пречка во неговото расудување. Безбедносниот сертификат на дезертерот Ковачевски е издаден од страна на директорот на ДБКИ, Славевски, за кого иако постојат индиции дека е учествувал во криминал, земање мито за издавање на безбедносни сертификати, и со месеци бега да се јави на распит, се’ уште е на функцијата. Дали самоволието во ДБКИ, и нереагирањето на дезертерот Ковачевски се должи на фактот што Славевски го издал и се’ уште му го нема одземено безбедносниот сертификат, иако веќе и јавноста е запознаена дека постои промена во условите за издавање рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он