Естонското Министерство за одбрана најави дека сакаат да го зголемат бројот на лица кои ќе бидат повикани на воен рок.
Најголемата итна мобилизациска вежба на резервисти во Естонија ќе се одржи на североистокот на земјата, во близина на границата со Русија.
Естонија мобилизира 3.000 резервисти за воена вежба на границата.
„Естонија е и ќе остане заштитена“, изјави естонската премиерка Каја Калас во четвртокот вечерта, откако владата одлучи да организира одбранбена вежба, во позадината на делумната мобилизација од Русија, пишува изданието ЕРР.
„Последните денови донесоа вести кои предизвикаа уште поголема вознемиреност кај граѓаните. Русија организира лажни референдуми со цел припојување на окупираните територии од Украина. Така би можеле да ја оправдаат војната во Украина како војна против Русија. Путин се заканува со нуклеарно оружје и најави делумна мобилизација. Во моментов нема директна воена закана против Естонија “.
Естонскиот премиер објави дека владата во Талин одлучила да мобилизира резервисти и членови на Одбранбената лига како дел од воената вежба „Окас 2022“.
„Имаме способна одбранбена сила, волја за одбрана и опрема од светска класа. Естонија е и ќе остане заштитена. Сите ние можеме мирно да ги извршуваме нашите секојдневни активности, знаејќи дека Естонија ја бранат сопствените одбранбени сили, сојузниците во НАТО и партнерите од Европската унија“.