Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека не постои ништо што би го спречило да се состане со израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху.
-Нема ништо што би го спречило состанокот со израелскиот премиер, во вистинско време или во време кога треба да се состанеме – изјави Абас на прес конференцијата во Рамал.
Таа изјава следи само месец дена откако во Вашингтон се обновени директните блискоисточни мировни преговори, по застој од три години.
Тој оцени дека нередите во соседните арапски држави не го спречиле да донесе одлука за преговори.
-Ја искористивме можноста што ни се укажа без да гледаме што се случува во регионот околу нас – изјави Абас и ја повтори палестинската посветеност за мир со Израел.
Елена Георгиевска