ДПА: Берлускони шокира пред изборите со коментар за Путин

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предизвика бурни реакции со изјава за Владимир Путин непосредно пред општите избори во Италија во недела, пренесе ДПА.

Берлускони (85) синоќа во ТВ интервју тврдеше дека лидерот на Кремљ бил притиснат да ја нападне Украина.

– Путин беше притиснат од рускиот народ, од партијата, од неговите министри да ја спроведе оваа специјална операција, изјави Берлускони за телевизискиот канал Раи.

Берлускони е пријател на рускиот претседател и долго се двоумеше да ја осуди инвазијата по избувнувањето на војната. Тој рече дека сега „Путин падна во навистина тешка и драматична ситуација“. Според него, во февруари претставници на двете самопрогласени републики во Донбас побарале од Путин да интервенира. „Сепаратистичките републики го убедија Путин тврдејќи дека Украина ги напаѓа териториите со зголемена жестокост“, пренесе ДПА.

Лидерот на партијата Форца Италија, која како помал партнер во десничарската коалиција која има најголеми шанси да победи на изборите во недела, рече дека Путин сакал да ја замени владата на Володимир Зеленски во Киев „со влада на пристојни луѓе“.

Изјавите на медиумскиот претприемач, кој освен со својата политика привлече внимание и преку скандали, ги алармираат сите оние кои стравуваат од пресврт на Италија кон Русија по изборите, коментира германската агенција.

Покрај Берлускони, дел од десничарскиот блок е и Матео Салвини – лидерот на екстремната десница Лега кој со години беше поддржувач на Путин и ги критикува санкциите на Западот кон Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски