Ѓукановиќ: На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика

Од:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека не сака да прејудицира што ќе прави доколку Собранието на Црна Гора не го скрати својот мандат на 30 септември, но изјави дека неговиот потег ќе биде во согласност со Уставот.

– На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика, изјави Ѓукановиќ за новинарите во Будва каде учествува на конференцијата на Американско-јадранската повелба (А5), пренесува „Вијести“.

На прашањето дали поради тоа што нема комплетен Уставен суд не можат да се одржат локални избори, Ѓукановиќ рече дека локалните избори ќе се одржат на 23 октомври.

Црногорскиот претседател на 20 септември и испрати на претседателката на Собранието Данијела Ѓуровиќ предлог за скратување на мандатот на парламентот, истовремено соопштувајќи дека го отфрлил предлогот на старото парламентарно мнозинство да го прифати Миодраг Лекиќ за мандатар на новата влада.

Ѓукановиќ тогаш изрази уверување дека до нова влада може да се дојде само со одлука на граѓаните на избори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ѓукановиќ очекува проблемите во Црна Гора да се решаваат со посредник, најверојатно од ЕУ

А1он

Абазовиќ: Ѓукановиќ да биде подготвен на последиците доколку не го потпише Законот за Претседател

А1он

Ѓукановиќ: Воведувањето на Црна Гора во Отворен Балкан е еднакво на велепредавство

А1он

Уставниот одбор одлучи да почне постапка за утврдување дали Ѓукановиќ го прекршил Уставот

А1он

Парламентарното мнозинство потпиша иницијатива за разрешување на Мило Ѓукановиќ

А1он

ДПС на Ѓукановиќ ќе покрене иницијатива за гласање недоверба на црногорската Влада

А1он