„Знаеме кои се, знаеме од каде се, знаеме од кои земји се. Има легален начин да се дојде до нив и ние ќе го тргнеме тој легален пат“, изјави Вулин, коментирајќи ги фотографиите направени пред црквата Свети Марко во Белград за време на Европрајд.
Зборувајќи за тоа што известувачот на Европскиот парламент, Владимир Билчик, учествувал на Европрајд и повикал да се одржи и покрај првичната забрана од полицијата, Вулин оценува дека тоа „воопшто не било политички пријатно“.
„Ако одам во Германија, Словачка или во која било друга земја и кажам „таа одлука на надлежните органи не ви е најдобра, ќе дојдам на тој собир што го забранивте“, не сум сигурен дека ќе дозволат да влезам во земјата“, рече тој министерот.
Според него, поединци барале Билчик да биде уапсен поради тоа, но Вулин посочува дека има дипломатски имунитет, а Србија е земја која ги почитува сопствените и меѓународните закони.
„Кога имаш дипломатски имунитет, можеш да бидеш уапсен ако те фатат во извршување на кривично дело кое се гони по службена должност за казна над пет години. Да бидеме реални, така функционира и не може поинаку“, рече тој.