Бугарија слави 114 години од прогласувањето независност

Од:

Бугарија денеска ја слави 114-годишнината од прогласувањето на својата независност, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа се одбележи пред Споменикот на независноста на плоштадот Кнез Александар Први во Софија. Во програмата ќе учествуваат Гардискиот дувачки оркестар, Софискиот дувачки оркестар и мешаниот хор „Св. Софија“.

Прославата е дел од Календарот за културни настани на градското собрание на Софија.

Централните прослави традиционално ќе се одржат во Велико Трново, каде во дворот на црквата „Свети 40 маченици“ се одржува водосвет, а потоа има и церемонија на подигање на државното знаме на Бугарија.

На прославите во Велико Трново ќе учествува потпретседателот Илијана Јотова. Службениот премиер на Бугарија, Галаб Донев исто така ќе го посети Велико Трново, каде што ќе одржи говор по повод официјалниот празник на државата.

На 22 септември 1908 година во Велико Трново принцот Фердинанд Први со манифест ја прогласил независноста на Бугарија од Отоманската империја. Таа беше признаено од Отоманската империја и Големите сили во пролетта 1909 година, но побараа Бугарија да плати дел од т.н. Отомански долг. По прогласувањето на независноста, Бугарија стана полноправна членка на меѓународната заедница 30 години по Руско-турската ослободителна војна од 1877-78 година.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски