Американскиот претседател Џо Бајден во своето денешно обраќање пред Генералното собрание ќе најави нова помош од 2,9 милијарди долари за борба против прехранбената несигурност во светот, се вели во соопштението за печат на Белата куќа.
Новите средства се додаваат на сумата од 6,9 милијарди долари што Вашингтон веќе ги вети за справување со гладта во светот.
Две милијарди долари од предвидените средства ќе бидат наменети за итни хуманитарни интервенции, 783 милиони долари за долгорочни развојни проекти и 150 милиони долари за Глобалната програма за земјоделска и прехранбена безбедност – меѓународна платформа покрената во рамки на групата Г-20 по големата економска криза на 2008 година.
Извор: МИА