Груевски: Ако последните избори биле криминални, тогаш Заев победи на криминални избори

Од:

Ако последните избори биле криминални, тогаш Зоран Заев победи на такви криминални избори, рече премиерот Никола Груевски коментирајќи ја изјавата на лидерот на СДСМ дека неговата партија во иднина нема да учествува на избори кои би биле криминални.

– Ако рекол Зоран Заев дека минатите избори биле криминални, тогаш тој победил на минатите избори за градоначалник на криминален начин. Затоа што на тие, криминални избори, Зоран Заев стана градоначалник на Струмица. Сакам да ви кажам дека изборите не можат да бидат ексклузивитет на тоа дали една партија ќе учествува на нив или нема да учествува, истакна Груевски одговарајќи на новинaрско прашање на вечерашната прес-конференција на која понуди две можни решенија по неуспехот на ад-хок комисијата да усвои извештај за случувањата од 24 декември.

Тој посочи дека верува дека ќе добие поддршка од 62 пратеника за да се распишат предвремени парламентарни избори. Посочи и дека верува дека и СДСМ ќе го поддржи тоа, доколку ја избере таа алтернатива.

Зоран Заев денеска посочи дека нема да учествува во избори кои би биле криминални како минатите.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада