Андонов објави фракција во ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е потрошен политички, треба да си замине

Од:

Христијан Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМЕ, истакна членот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Андонов, кој денеска на прес-конференција пред партиското седиште објави делување на фракција во ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е јавен и отворен повик до Мицкоски да си даде оставкаи да го отвори со тоа патот да се извршат неопходните промени во ВМРО-ДПМНЕ. Напоменувам, не се работи за паралелна структура во ВМРО-ДПМНЕ, не се работи за нова политичка партија, не се работи за нова политичка структура во смисла на паралелизам, туку за членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои и понатаму ги повикуваат останатите членови на партијата да делуваме како политичка фракција внатре во партијата со единствена цел – демократизација и ревитализација на партијата, чиј прв чекор е оставка на Мицкоски, истакна Андонов.

Основната политичка цел на фракцијата, покрај оставката на Мицкоски, кој, како што рече, е потрошен политички, е и повик до членството за организација на избори за нов претседател на партијата.

Според Андонов, фракцијата е поддржана од ветерани, основачи на ВМРО-ДПМНЕ, обични членови, од некогашни функционери на партијата, но и од луѓе во актуелното раководство. Тој објасни дека оваа иницијатива не е поврзана со градоначалничката на Скопје данела Арсовска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија