Германскиот министер за економија Роберт Хабек ја осуди најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација.
– Овој потег е лош и погрешен, нагласи Хабек.
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин најави делумна мобилизација во оваа земја. Станува збор за регрутирање само на оние граѓани кои моментално се во резерва, а пред се на оние кои служеле во вооружените сили и имаат одредена воена специјалност и соодветно искуство.
Извор: МИА