Макрон за рефернедумите: Ќе беше смешно да не е трагично

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече дополнителна провокација плановите за спроведување „лажни референдуми“ на украинските териториите окупирани од Русија.

– Тоа нема правна основа. Самата идеја за организирање референдуми на територии што се во војна … е знак на цинизам. Да не беше трагично ќе беше смешно, изјави Макрон пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тој јасно стави до знаење дека Русија мора да ја напушти Украина и да ги почитува меѓународно признаените граници, како и дека референдумските изјаснувања нема да имаат никаква правна важност.

Францускиот претседател уште истакнал дека планира некој од наредните денови телефонски да разговара со рускиот колега Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина