ФОТО: Општина Центар ги освежуваше рекреативците

Од:

Во текот на вчерашниот ден мобилни екипи од општина Центар бесплатно делеа флаширана вода на граѓаните кои што решиле своето слободно време да го поминат рекреирајќи се покрај Кејот на реката Вардар.

На пешачката патека во близина на паркот на Франкофонијата беше поставен пункт, каде што вработените од општина Центар од 18 до 21 часот преку оваа акција ги освежија рекративците со обична и минерална вода, а сето тоа беше пропратено во добра музичка атмосфера.

IMG_6529

Акцијата под мотото „Општина Центар ги освежува рекреативците“ имаше за цел да придонесе спортистите и рекреативците да го внесат неопходното количество на течности, потребно за летниот период. И во иднина општината ќе продолжи да организира вакви и слични настани за граѓаните на Центар.

IMG_6507

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните