Таканаречената Доњецка Народна Република сака референдум за обединување со Русија.
„Доњецката Народна Република (ДНР) мора веднаш да одржи референдум за приклучување кон Русија“, соопшти нејзиниот граѓански совет. Повикот дојде набргу откако сличен потег беше направен од еквивалентно тело на соседната Луганска Народна Република (ЛНР). Обраќајќи му се на шефот на ДНР, Денис Пушилин, Советот рече дека „дојде време за решителни акции“, повикувајќи го да се одржи гласањето што е можно поскоро.
„Сите одамна чувствувавме и знаевме дека Донбас е Русија, за него се бориме долги осум години. Поради тоа секојдневно трпиме напади врз нашите домови, улици, болници, училишта и градинки. Границата на Руската Федерација да лежи меѓу нас и Украина, ние повторно ќе станеме дел од една голема татковина – Русија. Жителите на Донбас тоа го заслужуваат“, рече претседателот на комората Александар Кофман во изјавата.
Претходно сличен повик упати и граѓанскиот совет на ЛНР. Тој го повика шефот на републиката Леонид Пашечник, како и локалниот законодавен дом да одржат референдум за приклучување кон Русија што е можно поскоро. Сличен став зазедоа и властите во јужниот украински регион Керсон, кој моментално е под контрола на руските сили. Шефот на таканаречената воено-цивилна администрација Кирил Стремусов изјави дека жителите на регионот „сакаат гаранции дека ќе станат дел од Руската Федерација“. Жителите на Херсонската област повикуваат и сакаат референдумот да се одржи што е можно поскоро, бидејќи се плашат дека Русија може да си замине“, изјави Стремусов за РИА Новости.