Вучиќ: Ќе им дадеме гас на Македонците

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска зборуваше за економски тешките времиња во Европа  и посочи дека ќе има гас и за Македонија.

-Рашаваме проблеми и со Македонците затоа што имаат гасна станица што може да произведува струја на гас, па да им дадеме гас. Тоа е 5-7 проценти од зимската потрошувачка на струја.Чекаме да не известат дали ќе дозволат 100 мегавати струја низ системот. Ова е навистина важна работа бидејќи дополнително би обезбедиле енергија и за нашите граѓани, посочил Вучиќ.

Според него, во Европа, Германија „ќе оди во рајот во споредба со другите, тие веќе потрошиле милијарди за да ги спасат своите компании“.

– Нови 30.000 тони мазут купуваме поради неодговорни луѓе во локалните самоуправи. Тоа мора да го направиме заради народот, бидејќи нашиот народ ќе ги вклучи греалките ако нема парно, а тоа врши притисок врз електроенергетскиот систем, рече претседателот на Србија во интервју за Тв Пинк.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Вучиќ: Разговорот со Трамп е голема чест и успех за Србија

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија