Во Косово запален автомобил на Србин, припадник на косовската полиција

Од:

„Уште еден службеник на косовската полиција, Србин по националност, денеска беше нападнат од нелегални структури со палење на неговиот автомобил со легални регистарски таблички РКС“, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља.

„Тенденциите на поттикнување страв продолжуваат“, рече Свеќља, наведувајќи дека тоа е „отворен повик за борба против институциите“.

Тој во кратка објава на Твитер му се обрати и на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој побара од него „да престане да поддржува насилни и терористички акти против лојалните граѓани на Косово“, пишува KoSSev.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина