Во Турција уапсени седум осудени лица кои се обиделе да побегнат во Грција

Од:

Турските безбедносни сили уапсија седум лица осудени за поврзаност со таканаречената ФЕТО организација, кои се обиделе да побегнат во Грција со моторен чамец од западниот округ на Измир.

Заедно со нив, уапсени се и четворица организатори на бегството.

Според Анкара, организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, е одговорна за обидот за воен удар во Турција во јули 2016 година.

За официјална Анкара, Движењето на Ѓулен, ФЕТО е терористичка организација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос