Данското обвинителство подигна обвинение против првиот човек на службата за надворешно разузнавање Ларс Финдсен, кој моментално е суспендиран од функцијата поради обелоденување строго доверливи информации.
Финдсен, кој отфрла вина, е обвинет за оддавање доверливи државни тајни на шест лица, вклучително и двајца новинари во период од 16-17 месеци, време кога исто така беше суспендиран од функцијата поради друга истрага.
Доколку биде осуден поранешниот шеф на данското надворешно разузнавање по обвинението за делото би можел да добие затворска казна во времетраење до четири години.
Финдсен беше уапсен во декември минатата година, за во февруари да биде привремено ослободен од Судот со парична гаранција.
Извор: МИА