Главниот обвинител на Луганск загина при експлозија на бомба, убиен е и неговиот заменик

Од:

Главниот обвинител на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) во источна Украина што е поддржана од Русија, загинал во експлозија на бомба во неговата канцеларија, јавуваат руските медиуми.

Според информации добиени од службата за итна медицинска помош, во експлозијата е убиен и неговиот заменик.

Украинските власти за убиството на прорускиот обвинител Сергеј Горенко сметаат дека се работи или за меѓусебна пресметка меѓу криминални групи или обид на Русија да прикрие злосторства елиминирајќи сведоци.

Инцидентот на Твитер го коментираше Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Елиминацијата на таканаречениот ’главен обвинител на ЛНР’ и неговиот заменик треба да се сметаат за пресметка меѓу локалните организирани криминални групи при поделба на ограбениот имот или како руско отстранување на сведоци на воени злосторства. Се ќе открие истрагата“, објави Подољак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски