ЕК предлага закон за заштита на медиумскиот плурализам и независност

Од:

Европската комисија првпат претстави нацрт-регулатива за „заштита на медиумскиот плурализам и независност“ во услови на влошување на ситуацијата во неколку земји на Европска Унија, вклучително Полска и Унгарија, јави дописникот на МИА.

– Во изминатите години бевме сведоци на различни форми на притисок врз медиумите. Крајно време е да се дејствува. Мора да воспоставиме јасни принципи: ниту еден новинар не треба да биде шпиониран поради својата работа, ниту еден јавен медиум не треба да се претвора во пропаганден канал, изјави заменик-претседателката на ЕК, Вера Јурова.

Нацрт-регулатива обезбедува гаранции за уредувачката независност на редакцијата во однос на политичката моќ или индустријалците и поставува барања за транспарентност за сопственоста на медиумите. Исто така се предлага и формирање на нов Европски совет за медиуми, составен од претставници на националните регулаторни органи, за построг надзор на концентрациите во овој сектор.

– Овој нацрт-закон мора да им овозможи на нашите медиуми да работат без никакво мешање, без разлика дали се приватни или јавни, коментираше европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Текстот ја штити тајноста на изворите и забранува употреба на шпионски софтвер против новинари и членови на нивните семејства, дури и ако се можни исклучоци во име на националната безбедност. Одредба како одговор на неодамнешните скандали со „Пегаз“ и „Предатор“ во Полска, Унгарија и Грција.

За овој „закон за слободата на медиумите“ сè уште треба да се преговара со земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент. Тоа ќе и овозможи на Комисијата да започне постапка пред европските судови во случај на непочитување на нејзините одредби.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он