Најголемиот европски производител на свинско месо најави масовни откази

Од:

Најголемиот европски производител на свинско месо, „Даниш краун“ (Danish Crown) најави укинување на 350 работни места во две фабрики во Данска.

Причината е тоа што одгледувачите, под притисок од високите трошоци, ги намалија испораките на животни.

Во соопштението на данскиот производител се наведува дека поради војната во Украина, фармерите се принудени да плаќаат рекордно високи цени за енергија и добиточна храна.

„Плаќањата на фармерите не го следеа темпото (на растот на цените), па испораката на свињи во „Даниш краун“ е значително намалена изминатите месеци“, појаснуваат од данската компанија.

Изминатите две години, „Даниш краун“ речиси секогаш имаше повеќе свињи, отколку што нејзините фабрики можеа да обработат.

„Ситуацијата драматично се промени“, предупреди најголемиот европски производител на свинско месо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ