Гутереш: На Русија и на Украина ќе им треба време за да воспостават прекин на огнот

Од:

Ќе биде потребно извесно време Русија и Украина да ја „сфатат потребата од прекин на огнот и да се обезбеди мир“, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во интервјуто за турската агенција „Анадолија“.

„Мислам дека ќе потрае некое време, но се надевам дека нема да продолжи засекогаш како другите кризи. Ќе биде потребно извесно време за земјите да ја сфатат потребата од прекин на огнот, да се обезбеди мир врз основа на Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право. ОН и Турција воспоставија силни партнерства во справувањето со драматичните последици од војната во Украина, вели Гутереш на прашањето дали војната во Украина ќе се одолговлекува како оние во Сирија, Јемен и Либија.

Тој, исто така, додава дека ОН заедно со ЕУ и САД, „прават се што е можно“ за да се осигураат дека санкциите нема да го попречат снабдувањето со храна и ѓубрива.

„Јас сум заинтересиран за решавање на проблемите, а не за забелешките на страните. Првиот проблем што треба да се реши е да се обезбеди пристап на руските земјоделски производи и ѓубрива до меѓународните пазари. Сè уште има некои пречки, правиме се од себе санкциите да не го попречуваат снабдувањето со храна и ѓубрива. Заедно со САД, ЕУ и другите партнери правиме напори во таа насока“, вели тој.

Гутереш додава дека преку ОН се водат преговори за организирање извоз на амониум-нитрат од Русија преку Украина.

По однос кризата со коронавирусот, Генералниот секретар на ОН предупреди на можност светот да се соочи со посериозна пандемија.

„Во исто време, мора да бидеме подготвени за епидемии во иднина. Видовме дека светот не успеа да демонстрира единство за време на пандемијата на коронавирусот. За неколку години може да се соочиме со посериозна пандемија. Ова е момент кога земјите мора да сфатат дека светот и меѓународната заедница се соочуваат со растечки нееднаквости и закани што можат да предизвикаат тензии, немири и кризи“, коментира Гутереш.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ