97 нови случаи на Ковид-19, четворица починати

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 824 тестови, а регистрирани се 97 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 6, Куманово и Штип – по 5, Велес – 4, Охрид и Крива Паланка – по 2, Тетово, Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (97), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистриран e 61 оздравен пациент од: Скопје – 30, Битола – 6, Куманово и Охрид – по 4, Прилеп и Берово – по 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани 4 починати лица од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, на возраст од 80 – 83 години. Две лица се починати во болнични услови и две во домашни услови. Починатите се регистрирани во период од 16.08.2022 до 09.09.2022

Направени се 824 тестови: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-2, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–45, Жан Митрев (Филип Втори)-21, Авицена-18, Биотек-19, Систина-43, лабораторија Лаор-7, Синлаб-1, Ремедика-6, Плодност-7, Генеа-19, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 336.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.942 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.986, бројот на оздравени пациенти е 331.740, на починати е 9.520, а бројот на активни случаи изнесува 726.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски