Путин: Во завршна фаза стратешки договор со Иран

Од:

Во завршна фаза е нов голем договор меѓу Русија и Иран, што ќе означи унапредување на односите меѓу двете земји на ниво на стратешко партнерство, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата во Самарканд со неговиот ирански колега Ибрахим Раиси.

Путин на средбата одржана на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка.(ШСО) во Узбекистан најави дека следната недела во Иран ќе отпатува руска деловна делегација, во која ќе има претставници на околу 80 компании.

Тој додаде дека односите меѓу Русија и Иран се развиваат на сите полиња и посочи дека трговската размена минатата година е зголемена за 81 отсто, а во првите пет месеци од годинава за дополнителни 30 проценти.

Рускиот претседател потсети дека минатиот месец од космодромот Бајконур во Казахстан беше лансиран сателитот Хајам за далечинско сензорирање на Земјата, изграден во Русија по нарачка на Иран.

Раиси ѝ се заблагодари на Москва за поддршката на Техеран во приклучувањето кон ШОС.

Тој посочи дека Иран сериозно размислува за развој на билатералните односи што се од стратешко значење.

„Соработката може да се развива во политичката, трговската и економската сфера, како и во областа на вселената“, рече Раиси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп