Проширена истрага против групата на Беливук: Под лупа е и неговата сопруга

Од:

Обвинителството за организиран криминал на 1 септември 2022 година ја прошири истрагата против осомничените Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и Бојана Беливук за сторено кривично дело перење пари од член 231 од Кривичниот законик и член 345 од Кривичниот законик.

Имено, осомничените се товарат дека со парите добиени од криминални дела и криминални активности купиле поголем број луксузни автомобили и друг движен имот, како и катастарски парцели во Белград во најголем број ситуации на име на трети лица и на тој начин се обиделе да прикријат дека парите потекнуваат од криминални активности.

Според донесената наредба, сите осомничени на 14 септември биле сослушани во Обвинителството за организиран криминал за околностите за проширување на истрагата и во таа прилика негирале сторено кривично дело.

Наредбата за спроведување на истрагата е донесена на 9 декември 2021 година во врска со Вељко Беливук, Марко Миљковиќ, Бојана Беливук, Тања Миљковиќ, Снежана Ѓорѓевиќ, Филип Ивановски и Марија Милутинов.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он