Ковачевски: Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се обрати на Министерската конференција на Западен Балкан за реформи во јавната администрација, која во Скопје ја организираа СИГМА/ОЕЦД и Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

На настанот, на кој се обрати и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, организиран со цел да се прикажат и промовираат добрите практики за трансформација на јавната администрација, како и спроведувањето на реформите клучни за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, присуствуваа и ресорни министри од земјите на Западен Балкан, претставници на Европската комисија, донаторската заедница, регионални и меѓународни организации, граѓански организации, експерти и високи јавни службеници.

Премиерот Ковачевски, покрај другото, ја искористи денешната Конференција да се заблагодари на организаторите, СИГМА, РЕСПА, Европската Унија, претставувана преку Европската делегација во Северна Македонија и на претставниците на меѓународни организации и граѓанското општество.

Ковачевски ја потенцираше нивната огромна поддршка во процесот на унапредување на состојбите во администрацијата, помагајќи со конкретни проекти и преку компаративни искуства и успешни примери од други земји во делот на реформите, дигитализацијата на услугите и доброто владеење.

„Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети и е важен предуслов во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија. Таа е опфатена во првиот Кластер, “Основи”, кој е пак е од суштинско значење за динамиката на преговорите во целина. Токму затоа, ние како земја која ги отпочна преговорите со Европската Унија, на овие реформски процеси гледаме како на клучни за развојот и динамиката на процесот на пристапување.

Северна Македонија постави добри основи и остварува напредок во овој сегмент, што е и нотирано во Извештајот на Европската комисија, Извештајот од спроведениот мониторинг од страна на СИГМА, како и Заклучоците на Специјалната група за Реформите на јавната администрација, за 2021 година.

Овие документи покрај тоа што даваат реална и објективна слика на постигнатиот напредок, детектираат и области кои бараат дополнителни реформи со цел да се усогласиме со стандардите на Европската Унија.

Со динамично темпо се справуваме со предизвиците што се пред нас, не само во насока на официјалното започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија, туку и во континуираната заложба да обезбедиме модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и компаниите“, изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ