Помала група студенти утрово одржува мирен протест пред солунскиот Универзитет Аристотел откако доцна синоќа, припадниците на универзитетската полиција беа распределени и во кампусот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Масовен протест, синоќа беше одржан во Атина, на кој имаше и мали изолирани тензии, а студентите во Грција реагираат откако минатата седмица започна распределувањето на припадниците на новоформираната универзитетска полиција, односно „Тимовите за заштита на универзитетски институции (ОППИ)“ во универзитетскиот кампус во Атина
Планирано е универзитетската полиција да почне со работа на три Универзитети во Атина и на еден во Солун.
Припадниците на тимовите за заштита на универзитетски институции на средината на мај ја завршија обуката, се чекаше објавување на Претседателскиот декрет кој ќе го регулира нивното работење.
Извор: МИА