Во Бугарија денеска почна новата школска година

Од:

Во 2.347 училишта и во 1.799 градинки во Бугарија денеска почнува новата учебна година. Над 57.000 првачиња од денеска почнуваат на учат, а во учебната 2022/2023 ќе има речиси 717.000 ученици, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за образование и наука.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, учебната година почнува во цела Бугарија. Во училиштата се распоредени и 1.216 медијатори и 182 социјални работници, кои им помагаат на наставниците во вклучувањето на децата и учениците во образовниот систем. Во текот на летото, имаше реновирање во речиси 900 училишта, а повеќето од нив се веќе завршени. Вкупно 46 училишта од 14 региони на Бугарија ја отвораат учебната година во други згради, а најчеста причина за тоа се тековните реновирања во нив. Меѓу нив има 18 училишта од девет региони во државата.

Министерството за образование и наука на Бугарија пред почетокот на новата учебна година собираше информации за обезбедување гориво за греење на училиштата со цел да се направи анализа и да не се прекинува наставата или да се премине на учење од далечина.

Техничкиот министер за образование, Сашо Пенов, изјави дека ќе се обезбедат средства за затоплување на училиштата и градинките. Наставата ќе биде со физичко присуство, а онлајн часови, при евентуална ситуација со нов ковид бран, ќе бидат можно само при многу неповолни околности.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски