Жителите на струшкото село Лабуништа постигнаа своевиден рекорд. Во период од само 12 дена по завршување на празникот Бајрам, се одржале 52 свадби, но и други семејни веселби како сунети и веридби.
Жителите водат точна бројка секое лето за одржаните семејни веселби, но како што велат ова лето било едно од највеселите.
Во текот на летниот период во Лабуништа доаѓаат речиси сите иселеници кои живеат во Италија, Швајцарија и другите Западно Европски држави, а кои со години работатат таму и финансиски им помгаат насвоите роднини во Македонија.
Ова лето во Лабуништа престојувале околу 8000 иселеници во странство, податок кој го прави ова село во околината на Струга едно од најголемите во земјата но и најраздвижено во текот на летото.
Во Лабуништа во овој период од годината развдиженоста е 24 часа, но иако селото има проблеми со инфраструктурата и тесните улички,сите веселби поминале без проблеми и во најдобар ред.
Мики Трајковски