Англискиот тренер Алан Пардју има нов предизвик, откако го замени Херман Бургос како прв тренер на Арис од Солун, потпишувајќи едногодишен договор со опција за уште една сезона. 61-годишниот Пардју ќе има тешко деби на 18 септември против Олимпијакос, во својот 10-ти клуб во кариерата која трае од 1998 година, само три месеци откако си замина од бугарскиот клуб ЦСКА Софија поради расизам на дел на навивачите.
Арис во моментов се на шестото место во грчката лига со 2 победи, 1 реми и 1 пораз во првите четири меча во новата сезона, и Пардју станува третиот тренер на тимот во 2022 година. Тој таму ќе работи со поранешниот напаѓач на Вотфорд, Андре Греј, како и поранешниот играч на Арсенал, Жервињо.
По две сезони на чело на Кристал палас во Премиерлигата, Пардју кратко беше тренер на Вест Бром во втората лига, по што работеше во АДО Ден Хааг во Холандија, од каде си замина по само осум меча поради коронавирусот, по што во ЦСКА Софија беше тренер и технички директор. Од Бугарија тој си замина откако на мечот со Ботев Пловдив, навивачите расистички навредуваа дел од играчите, како и неговиот помошник, Алекс Даер.
Извор: Топспорт