Ја лажеле дека ќерка и прегазила дете: Двајца Бугари сакала да извлечат 20.000 евра од повозрасна скопјанка

Од:

Двајца бугарски државјани се приведени денеска откако откако се обиделе со измама да извлечат 20 илјади евра од 65-годишна жена од Скопје. тие ја убедувале дека ќерка и прегазила дете и дека парите треба да се дадат за да и се помогне да не оди во затвор.

Вчера (13.09) на 65-годишната жена од Скопје на телефон и се јавило непознато лице кое се претставило дека наводно е полициски началник и и кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што згазила дете и ако сака да ја спаси од затвор требало да му даде 20.000 евра. Оштетената му рекла дека има дома само 7500 евра, а другите пари ќе ги даде дополнително. Измамникот и рекол парите што ги има да ги даде веднаш, а останатите наредниот ден, па оштетената околу 16:00 часот на локација во општина Аеродром ги дала парите на, за неа, непознато лице. Денеска, измамникот повторно се јавил околу 7 часот, по што оштетената го пријавила случајот во Полициска станица Аеродром.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презедоа соодветни мерки и активности за приведување на измамниците и дадени се насоки на оштетената како да постапува. Откако на подрачјето на општина Центар оштетената му ги дала парите на измамникот, тој е лишен од слобода и утврдено е дека станува збор за К.О.И.. Веднаш потоа е приведена и Г.Е.М., која го чекала во ресторан, во близина на местото каде К.О.И. беше лишен од слобода. Кај нив се пронајдени пари кои потекнуваат од кривични дела. К.О.И. во службен разговор го признал делото, а признал и дека на сличен начин измамил лице од Кавадарци и лице од Охрид.

По документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец