Ерменија и Азербејџан повторно се судрија, Путин повика на смиреност

Од:

Азербејџан и Ерменија денеска повторно се судрија, еден ден откако речиси 100 војници беа убиени во најсмртоносните борби меѓу поранешните советски републики од 2020 година.

Најмалку 49 ерменски и 50 азербејџански војници загинаа вчера во судирите за кои Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат, а рускиот претседател Владимир Путин ги повика да го смират конфликтот.

Конфликтот од целосен обем би ризикувал вмешаност на Русија и Турција

Судирите ги поттикнаа стравувањата од уште еден голем вооружен конфликт меѓу поранешните советски републики заедно со руската инвазија на Украина.

Целосниот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан би ризикувал вклучување на сили како Русија и Турција и би  дестабилизирал важен коридор за цевководи што носат нафта и гас исто како што војната во Украина го нарушува снабдувањето со енергија.

Ерменското Министерство за одбрана денеска го обвини Азербејџан, кој ја ужива политичката и воената поддршка на Турција, дека употребил артилерија, минофрлачи и мало оружје во новиот напад.

„Ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница останува напната“, додаваат тие.

Би можело да ве интересира

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски