Пред неколку дена, видеото на кое новопечениот британски крал Чарлс Трети ја потпишува декларацијата за стапување на тронот стана најгледаната во светот, а сето тоа поради фактот што монархот ги загуби нервите, иако се обидуваше да остане смирен.
Имено, кралот сакал другите наместо него да ги тргнат садовите со мастилото, а потоа и со пенкалото, а видеото наиде на бурни реакции. Многумина го сметаа однесувањето на Чарлс за арогантно и беа изненадени што тој едноставно не ги отстрани од масата предметите што му пречеа.
Како и да е, јавноста сега ја забавуваше новото видео на кралот, кој очигледно е најголемиот непријател на пенаклото за време на јавните настапи. Чарлс III неодамна ја посети Северна Ирска во замокот Хилсборо за да се сретне со членовите на тамошното собрание и по тој повод, при крајот на посетата, потпиша и книга наменета за тие цели.
Церемонијата на потпишување не помина без проблеми – Чарлс прво напиша погрешен датум, а потоа пенкалото му зададе нова главоболка. Имено, мастилото почнало да тече од пенкалото, што доста го налутило, а тој се ослободил од него луто давајќи и го на сопругата Камила. Таа била многу посмирена, но и таа се пожалила дека „тече насекаде“.