Украинската гранична служба објави видео на кое се гледа како војниците ги отстрануваат руските знаци и го палат руското знаме во Вовчанск, северно од регионот Харков, многу блиску до границата со Русија.
На видеото се гледа како украински војници ги кинат плакатите во Вовчанск додека еден од нив го пали руското знаме, објави „Гардијан“.
Украина поврати повеќе од 3.000 квадратни километри територија во молскавична контраофанзива за време на викендот, а нејзината војска во понеделникот соопшти дека заземала 20 градови и села во претходните 24 часа.
Украинските знамиња се подигнати на границата
Си-Ен-Ен јавува дека украинските знамиња се креваат во областите во близина на руската граница, повикувајќи се на извештаи од локални власти во регионот Харков, кои потврдија дека руските сили се уште се повлекуваат од областа.
Raising the Ukrainian flag in Vysokopillya town, Kherson region, today.
Glory to Heroes!
?: TSN pic.twitter.com/Bnx8xi1D5i
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 4, 2022
Олександр Кулик, службеник во Дергачи, североисточно од градот Харков, во неделата рече дека жителите на Козача Лопан го подигнале украинското знаме. Овој град беше окупиран од март и беше административен центар на окупаторските власти, а се наоѓа на само пет километри од руската граница и беше тешко оштетен за време на конфликтот.