Вучиќ од Самитот Брдо-Бриони: Интегритетот на Србија беше згазен како со чекан

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска на Самитот „Брдо Бриони“ на Брдо кај Крањ, лидерите на Западен Балкан успеале да донесат заеднички заклучок во шест точки со кој се реафирмира поддршката за Западен Балкан на ЕУ патот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Основна точка е реафирмација на забрзаниот и европски пат на целиот регион. Она што е визна либерализација за сите во регионот, доделување кандидатски статус на БиХ и она што е важно за нас – да бараме поддршка од ЕУ поради тешката енергетска ситуација во која се најдоа Западен Балкан и Европа, доколку е можно да ја добиеме, кажа Вучиќ.

Како што кажа, на средбата на регионалните лидери на Самитот на Брдо кај Крањ немало тензии, туку разлики за многу прашања.

-Разликите не се тензии. Разлики имаше по многу прашања, нашиот пристап кон односите со Приштина е различен од оној на другите. Речиси сите овде, не сметајќи ја БиХ, поради српската позиција во БиХ, го признаа независно Косово. Ние не сме го признале и нема, рече Вучиќ и додаде дека ова е една од разликите што јасно се видела од дискусијата меѓу него и Вјоса Османи.

-Разлики имаше и за прашањето за Босна и Херцеговина и за ставот на претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ за „легитимното претставување на конститутивноста на народите во власта на БИХ“, кое го поддржа и Србија затоа што е во согласност со Дејтонскиот договор, кажа Вучиќ.

Според неговите зборови, членовите на Претседателството на БиХ – бошњачкиот член Шефик Џаферовиќ и хрватскиот член Жељко Комшиќ не се согласија со првичната декларација.

Вучиќ по состанокот на регионалните лидери на Брдо кај Крањ рече дека му е благодарен на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за поддршката на Србија на европскиот пат и дека со него не разговарал за обвиненијата за воени злосторства.

Вучиќ изјави дека суштината на дискусијата е како земјите гледаат на Европа и што можат да очекуваат од Европа и изјави дека ЕУ сега е најмалку популарна меѓу српските граѓани, но дека Србија нема да се откаже од патот кон ЕУ.

-Да имаше денеска референдум за влез на Србија во ЕУ, сакале вие или не, граѓаните на Србија би рекле – не. Се надевам дека ќе успееме да го промениме тоа во месеците и годините што следат, им изјави Вучиќ на новинарите.

Како што објасни, има многу причини за односот на граѓаните на Србија кон ЕУ, а дека една од нив секако е „фактот што денес сите во ЕУ зборуваат за територијалниот интегритет на Украина, иако во случајот со Србија тој беше згазен како со чекан“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп