По големата контраофанзива на истокот на Украина, во која Украина ослободи огромна територија, армијата соопшти дека има движење и на југ, кај Керсон.
Украина пред неколку недели таму започна контраофанзива, која се одвива многу бавно и со многу жртви на двете страни.
Наталија Хумениук, портпаролка на јужната команда на украинската армија, рече дека некои руски војници се обидуваат да преговараат за предавање на украинските сили во близина на Керсон.
Повеќе детали не се познати, а не се знае ниту за колку војници станува збор.