СДСМ: Референдумот е нова измама на Мицкоски за граѓаните која нема да успее

Од:

„Иницијативата на Христијан Мицкоски за референдум е нова негова измама кон граѓаните, која нема да успее. Мицкоски по четири години бара референдум за договор кој самиот тој јавно пред бугарски официјални претставници го поддржа“, соопшти СДСМ.

„Референдумот на Мицкоски е против македонскиот јазик и македонскиот идентитет во ЕУ и е исклучиво за негова лична внатрепартиска употреба.

Сето тоа граѓаните го знаат и затоа не го поддржуваат Мицкоски во овој негов најнов обид да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец.

И самиот Мицкоски зане дека оваа негова измама нема да успее, знае и самиот дека нема поддршка од никого, дека и функционери на неговата ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат.

Цела година Мицкоски зборува за избори, за нови парламентарни мнозинства, ја лаже јавноста со наводна бугаризација и асимилација.

Сите тие негови лаги и измами пропаднаа, нема да успее ниту оваа негова последна измама, граѓаните нема да дозволат Мицкоски да го закочи нормалното функционирање на државата, нема да дозволат државата да се оддалечи од европскиот пат, само затоа што тој сака да ја спаси фотелјата во белиот дворец“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа