Храна која го зголемува либидото

Од:

Без разлика колку и да ве привлекува вашиот партнерот и колку возбудлив сексуален живот имате, понекогаш ви е потребен мал поттик, кој дополнително ќе ви ја разгори атмосферата. Зошто да не се обидете со овие проверени афродизијаци?

Лубеница
Лубеницата е богата со хемикалија наречена цитрулин, која помага во создавањето на азот моноксид – супстанца одговорна за проширување на крвните садови. Исто така содржи ликопен и бета каротин, кои служат како антиоксиданси, одговорни за заштита на нашите организми. Ова е совршен период за уживање во лубеницата, која не само што е исклучително корисна за здравјето туку е и многу слатка и претставува вистинско уживање за вљубените парови.

Авокадо
Авокадото содржи висок процент масти, но исто така и здрави масти, како што се омега-3 и омега-9 масните киселини. Тие се антивоспалителни, па на тој начин го промовираат здравјето на кардиоваскуларниот систем и го регулираат нивото на шеќер во крвта.Имаат висок процент на растителни влакна и се богати со антиоксиданси, како што се витамин Ц, витамин К (којшто се раствара во масти), фолати и витамини од Б-комплексот. Авокадата се и одличен извор на квалитетни протеини. Најдобар начин да ги искористите сите хранливи материи е да додадете парчиња авокадо во салатата.
Мастите од ова овошје ќе ја подобрат апсорпцијата на хранливите фито-материи од зеленчукот, морковите, доматите, итн.

Лосос
Дивиот лосос е одличен извор на омега-3 масни киселини, кои ја одржуваат еластичноста на клеточните мембрани. Тие го одржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем, преку намалување на воспаленијата, спречување на тромбоза и одржување на здраво ниво на мастите во крвта. Лососот е одличен на скара, печен, во омлет или салата. Истите омега-3 масни киселини можете да ги најдете и во повеќе други риби, вклучително и туна.

Јаткасти плодови
Оревите, бадемите, лешниците и индиските оревчиња се одличен извор на л-аргинин, кој потоа во организмот се претвара во азот моноксид. Оревите, исто така содржат омега-3 масни киселини од растително потекло, кои се важни за здрав кардиоваскуларен систем, што пак е клучен предуслов за здрав сексуален живот.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава