Брана во рудник во Јужноафриканската Република се урна денеска, при што загинаа три лица, а 40 се повредени, соопштија регионалните власти во провинцијата Фри Стејт.
Несреќата се случи во рударскиот град Јагерсфонтеин и принуди на евакуација голем број жители од блиските фарми. Испуштените води по уривањето на ѕидот однесоа куќи и автомобили. Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, соопштија властите.
Компанијата за електрична енергија „Еском“ соопшти дека снабдувањето со електрична енергија во областа било погодено откако нејзината трафостаница била поплавена од матна вода.
Поплавите предизвикани од уривањето на ѕидот ги зафатија и комуникациите и водата за пиење и го прекинаа пристапот до некои патишта.
Извор: МИА