По кибернападот на TIMS системот на албанските гранични премини, ноќта во петокот, тој пополека се враќа во нормала.
На повеќето гранични премини тој е вратен во функција, но она што е најбитно, според премиерот Еди Рама „нема истекување или исчезнување на податоци од системот на државната полиција”.
– Системите на повеќето гранични премини се во функција. Надвор од тешкото чувство што се создава со навлегувањето во овие системи, исто како кога влегуваат во куќа и крадат, факт е дека агресијата воопшто не ја постигнала целта, нема исчезнување или сериозно истекување на податоци, напиша Рама во објава на Твитер.
Во функција TIMS систенот е на аеродромот во Тирана, на премините Какавија, Капштица, Муриќан, Морина а сеуште се работи на оспособување на системот на пристанишата Драч, Валона и Шенѓин, како и премините Ќафасан, Блато и други.
Кибернападот врз системот, за што Рама повторно го обвини Иран, ги парализа сите гранични премини, па полицијата почна рачно да го пополнува регистарот.
Извор: МИА