Вознемирувачките фотографии во предградието на Дамаск, Аин Тарма се направени еден ден по нападот на режимските сириски безбедносни сили со хемиско оружје, при што загинаа според некои информации околу 1300 лица.
Телата на загинатите се закопуваат во заеднички гробници, додека многумина преживеани имаат тешки последици и проблеми со дишењето.
Активисти на опозицијата тврдат дека безбедносните сили и денеска стрелаат со ракети на источната страна од предградијата на Дамаск.
Претседателот на Сирија, Башар ал Асад негира дека неговите сили употребиле хемиско оружје над предградието Аин Тарма.